Радио МОФ

Непрофитно интернет радио, фокусирано на младински политики,  чиј основач и сопственик е невладината организација Младински образовен форум.

Работи од
2011
Правна форма
  • Граѓанска организација
Радио МОФ
Достапни податоци
  • Адреса
  • Телефон
  • Е-пошта
  • Импресум
  • Сопствеништво
  • Социјални профили

Радио МОФ е непрофитно интернет-радио. Тоа е првиот онлајн младински медиум во Македонија, основан во 2011 година. Продуцира и споделува информативни и музички содржини. Фокус им се младите и младинските политики, културата и креативноста. Се финансираат од повеќе меѓународни организации.

„Нашата целна публика се сите млади луѓе и сите граѓани, чиј интерес е да бидат информирани за статусот на младите во општеството и кои сакаат негово подобрување“, се вели во импресумот на овој алтернативен онлајн-медиум.

Радиото, кое има своја веб-страница со истото име, е продукт на Младинскиот образовен форум.

Младинскиот образовен форум функционира повеќе од две декади, поточно основан е во 1999 година. Организацијата спроведува програмски активности низ повеќе градови во Македонија преку неколку центри.

Со МОФ своевремено раководеше Марјан Забрчанец. Во 2017 година, тој влегува во Владата, најнапред како посебен советник за односи со јавност на премиерот Зоран Заев, а потоа и како национален координатор за стратегиски комуникации во Владата.

Радиоемисиите што се продуцираат и се објавуваат на Радио МОФ ги водат млади ентузијасти, претставници на граѓански организации и музичари.

На веб-страницата на Радио МОФ е објавена програма по денови, а редовно се објавуваат и вести, емисии, видеосодржини, подкасти, истражувања. Радио МОФ е организатор и на Kонференцијата за социјален активизам кај младите ENGAGE.  

За информативниот дел е задолжена мала редакција, во која се ангажирани уредник, петмина новинари и радиотехничар.

Радиото е добитник на награди за истражувачки стории.

Член е на Советот за етика во медиумите и на Професионалниот регистар на медиуми.

Активни се на Твитер, Инстаграм и на Фејсбук со над 27 илјади следбеници, како и на каналот на Јутјуб.