Плусинфо

Еден од најстарите информативни портали. Во сопственост на „Плусинфо издаваштво“ на Биљана Илиќ Героска.

Работи од
2011
Правна форма
  • Компанија
Плусинфо
Достапни податоци
  • Адреса
  • Телефон
  • Е-пошта
  • Импресум
  • Сопствеништво
  • Социјални профили

Плусинфо е еден од најстарите активни портали во Македонија што објавуваат дневно-информативни содржини.

Сопственик-издавач на порталот е фирмата „Плусинфо издаваштво“. Сопственик и управител на оваа фирма, како и главен уредник на Плусинфо е Биљана Илиќ Героска.

Раководител на проектот Плусинфо е новинарот и уредник Бранко Героски, познат и искусен новинар кој имал клучна улога во основањето на неколку значајни медиуми како што се весниците Дневник, Шпиц и Слободен печат.

Плусинфо стартуваше во 2011 година, како проект на фондацијата „Метаморфозис“, а потоа, до 2019 година, беше проект на Здружението на граѓани за одбрана на слободата на говорот и на јавното изразување Член 16, чиј претседател е Илиќ Героска.

Плусинфо е комерцијален информативен портал што главно објавува вести поврзани со општествениот и политичкиот живот од Македонија и од светот, меѓутоа на дневна основа објавува и бизнис-информации, спортски, шоу-бизнис и естрадни вести, како и занимливости.

Порталот, како впрочем и голем дел од интернет-медиумите во Македонија, често презема информации ексклузивно објавени на други медиуми и Фејсбук, Инстаграм или твитер-објави на политичарите или на познатите личности.

Препознатлива содржина на Плусинфо се коментарите и колумните на Героски. Со нив тој ги исмева и ги критикува општествените и политичките текови, како и актуелните функционери.

Во 2019 година, преку серијалот „Кики и Фрики“  во стилот на новинарска козерија, Героски раскажа дел од скандалите што подоцна иницираа две обвиненија „Рекет“ и „Меѓународен сојуз“. Епилогот се два судски процеса и една правосилна пресуда. 

Плусинфо објавува и презема колумни и на други автори, како и подолги коментари од фејсбук-статуси, а има и свој подсајт Панорама.

Фирмата „Плусинфо издаваштво“ е сопственик-издавач и на порталите Арткујна, кој се занимава со теми, како што се здравата исхрана и кулинарството и Мајка и дете (бременост, родителство и грижа за децата).