Мета

Новинска агенција основана од фондацијата „Метаморфозис“.

Работи од
2014
Правна форма
  • Граѓанска организација
Мета
Достапни податоци
  • Адреса
  • Телефон
  • Е-пошта
  • Импресум
  • Сопствеништво
  • Социјални профили

Мета е новинска агенција што работи од ноември 2014 година, а основана е од фондацијата Метаморфозис.

Специфично за Мета е дека агенцијата покрај главната веб-страница на македонски јазик има посебни подстраници на кои објавува вести на албански, англиски и српско-хрватски јазик и она што е куриозитет на бугарски и на грчки јазик.

Со оглед дека фондацијата „Метаморфозис“ го води и информативниот сајт на албански јазик Порталб МК, Мета често оттаму преведува на македонски вести и теми што се однесуваат за срединините каде што живеат повеќе Албанци или воопшто за албанската етничка заедница во Македонија.

Агенцијата има уредништво, редакција како и  надворешни соработници. Таа редовно,под рубриката Проверка на факти. ги пренесува анализите на сестринскиот сајт Вистиномер, кој исто така е под фондацијата Метаморфозис. Тоа се новинарски текстови што ја проверуваат вистинитоста на одредени информации што стануваат популарни или вирални.

Мета е еден од ретките медиуми што има посебна секција посветена на вести што се однесуваат на медиумската сцена од Македонија, регионот и од светот.