Либертас

Интернет портал, на здружение на граѓани  „Пролиберти“ на Ацо Кабранов. Главно пренесува агенциски вести и авторски текстови од други медиуми. 

Работи од
2012
Правна форма
  • Граѓанска организација
Либертас
Достапни податоци
  • Адреса
  • Телефон
  • Е-пошта
  • Импресум
  • Сопствеништво
  • Социјални профили

Либертас е дневно-информативен портал, кој има сопствена редакција, но ретко објавува свои содржини, туку пренесува агенциски вести или авторски текстови и колумни од други медиуми. Според сопствените статистики, порталот објавува над 100 вести на ден.

Порталот има објавен импресум, според кој, раководител на проектот е Ацо Кабранов, долгогодишен новинар и уредник од поранешната А1 телевизија, кој подоцна работеше и во други телевизиски куќи, како Канал 5, ТВ Алфа, а од март 2018 до август 2019 беше главен уредник на згаснатата 1 ТВ на Бојан Јовановски (Боки 13).

Заедно со Кабранов, во проектот се вклучени и Зоран Василевски и Лени Фрчкоска.

Објавените содржини, во најголем дел, не се потпишуваат од автор, со исклучок на преземените авторски производи и на колумните, за кои се наведува и изворот.

Податоците на сервисот „Марнет“ покажуваат дека порталот Либертас е регистриран на 11 мај 2012 година. Како негов регистрант е наведен „Пролиберти“, здружение на граѓани за развој на демократијата и граѓанското општество, а лице за контакт е членот на редакцијата, Јован Постолоски.

„Пролиберти“ е основано на 30 јануари 2013 година од Ацо и Петра Кабранови, Љубомир и Лени Фрчкоски, Јован Постолоски, како и Предраг Кукиќ, денес член на редакцијата Курир. Кукиќ, во почетоците, бил и овластено лице во здружението, но се повлекол во август 2013 година.

„Пролиберти“ до денес е единствениот издавач на Либертас, а Кабранов е управител на здружението од неговите почетоци.